сабота, 27 јули 2024

Дачиќ за меѓународната заедница: Сакаат воена интервенција во Украина, а не можат да го решат Курти

Министерот за надворешни работи на Србија Ивица Дачиќ порача дека Белград од меѓународната заедница очекува став кој е во интерес на дијалогот, а не акции кои покажуваат дека немаат решение за косовскиот премиер Аљбин Курти.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Дачиќ на заедничка конференција за медиумите со министерката за надворешни работи на Централноафриканската Република Силви Баипо Темон во Белград кажа дека паралелно се одвиваат процесите на Куртиевата опструкција на дијалогот и обидите на ЕУ во преговарачката рамка на Србија, во Поглавјето 35 да се уфрли одредница за целосна имплементација на Охридскиот договор.

Тој истакна дека и денес во Брисел се разговара за прашањето на едностраните акции на Курти, попречувањето на дијалогот, опструкцијата, желбата да се протераат Србите од Косово, а дека Курти цело време кажува дека не сака да разговара за тоа бидејќи е внатрешно прашање на Косово.

„Меѓународната заедница вели дека не знае како да го натера. Јас морам да прашам каква е таа меѓународна заедница? Па чекајте – ги бомбардираше Србија, Ирак, Авганистан, го уби Осама бин Ладен во Пакистан, сега се подготвуваат за учество во воена интервенција во Украина, а не може да го реши Курти. Дали тоа некој нам ни ја навредува интелигенцијата? Ние околу тоа не очекуваме став кој е во интерес на Србија, туку на дијалогот, да се даде поттик на дијалогот, а не Курти постојано да измислува нови теми и да им покажува на Србите дека треба да се иселат од Косово“, порача шефот на српската дипломатија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ