Дачиќ на заедничка конференција за медиумите со министерката за надворешни работи на Централноафриканската Република Силви Баипо Темон во Белград кажа дека паралелно се одвиваат процесите на Куртиевата опструкција на дијалогот и обидите на ЕУ во преговарачката рамка на Србија, во Поглавјето 35 да се уфрли одредница за целосна имплементација на Охридскиот договор.
Тој истакна дека и денес во Брисел се разговара за прашањето на едностраните акции на Курти, попречувањето на дијалогот, опструкцијата, желбата да се протераат Србите од Косово, а дека Курти цело време кажува дека не сака да разговара за тоа бидејќи е внатрешно прашање на Косово.
„Меѓународната заедница вели дека не знае како да го натера. Јас морам да прашам каква е таа меѓународна заедница? Па чекајте – ги бомбардираше Србија, Ирак, Авганистан, го уби Осама бин Ладен во Пакистан, сега се подготвуваат за учество во воена интервенција во Украина, а не може да го реши Курти. Дали тоа некој нам ни ја навредува интелигенцијата? Ние околу тоа не очекуваме став кој е во интерес на Србија, туку на дијалогот, да се даде поттик на дијалогот, а не Курти постојано да измислува нови теми и да им покажува на Србите дека треба да се иселат од Косово“, порача шефот на српската дипломатија.