среда, 19 март 2025

Дачиќ побарал помош од ФБИ за истрагата за наводно користење звучен топ во Белград

Потпретседателот на српската влада и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ му пишал на директорот на американското Федерално истражни биро (ФБИ) Каш Пател, барајќи помош во стручната анализа врз основа на знаењата и искуствата кои ги имаат во областа на користење средства кои емитуваат звучни бранови, соопшти српското министерство за внатрешни работи.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Во соопштението се наведува дека помошта е побарана бидејќи министерството се соочило со јавни и медиумски обвиненија дека полицајци за време на протестот во Белград на 15 март употребиле звучен топ.

Дачиќ претходно изјави дека српската полиција никогаш не користела недозволени средства, вклучувајќи звучен топ. Тој истакна дека такви средства не биле подготвени ни користени и дека полицијата нема да ги користи ни во иднина.

Меѓутоа, граѓаните и некои експерти се уверени дека на протестот е користен звучен топ. Спорниот момент се случил додека демонстрантите им оддавале почит на жртвите на несреќата на новосадската железничка станица за време на протестот во Белград. Од непозната причина луѓето масовно се тргнале на страна и почнале да бегаат.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ