недела, 26 мај 2024

Дачиќ: Ден на срам во Советот на Европа, за првпат е препорачано членство на нешто што не е држава

Првиот потпретседател на владата на Србија и министер за надворешни работи Ивица Дачиќ изјави дека денес е ден на срамот во Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ), бидејќи за првпат во историјата на човештвото е препорачано членство на нешто што не е држава, кое притоа не ги исполнува основните услови во областа на човековите права и слободи, пренесува РТС.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Денес е ден на срамот во Парламентарното собрание на Советот на Европа. За првпат во историјата е препорачано членство на нешто што не е држава, кое притоа не ги исполнува основните услови во областа на човековите права и слободи. Напротив, веќе 11 години одбива да ја формира Заедницата на српски општини, што е нивна меѓународна обврска, спроведува политика на терор над српскиот народ и етничко чистење“, кажа Дачиќ, откако во ПССЕ беше усвоена препораката на Приштина да ѝ се одобри да стане членка на Советот на Европа.

Со оваа одлука, истакна Дачиќ, наметната на сила од меѓународните моќници, се поткопани темелите на самиот Совет на Европа и меѓународниот правен поредок.

„За каков принцип на заштитата на територијалниот интегритет понатаму ќе се зборува, кога го нарушија територијалниот интегритет на Србија?“, праша шефот на српската дипломатија.

Србија, како што кажа, ќе ја продолжи својата борба со сите сили, ќе се бори таа одлука да не биде усвоена на Комитетот на министри на 16 мај.

„А ќе видиме колку вреди зборот на меѓународната заедница кој му беше даден на претседателот Александар Вучиќ дека Косово нема да биде примено во Советот на Европа додека на ја формира Заедницата на српски општини, или тоа повторно ќе биде лага“, кажа Дачиќ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ