сабота, 27 јули 2024

Дачиќ за придружувањето на санкциите против Русија: Побарав ЕУ да биде коректна кон Србија

Објавено на

часот

Сподели

По состанокот на кој од Белград повторно било побарано да се придружи на санкциите против Русија, Дачиќ на новинарите им кажа дека „сите зборувале“ дека Србија „мора да се усогласи со надворешната политика на ЕУ“.

„Јас на тоа реагирав дека треба да бидат многу коректни кон Србија околу тоа прашање, во смисла дека Србија не е вредносно неутрална. Србија гласаше за сите резолуции во разни меѓународни форуми со кои се осудува кршењето на територијалниот интегритет на Украина“, кажа Дачиќ.

Додаде дека Србија, од друга страна, не се придружила на санкциите против Русија „поради тоа што не верува во исправноста на таквите мерки и раководејќи се од своите национални и државни интереси“.

Дачиќ ја искоментира и изјавата на шефот на дипломатијата на ЕУ Жосеп Борел дека одржувањето блиски врски со Русија не оди со процесот на пристапување во ЕУ, кажувајќи дека „проблемот е во тоа што принципот на зачувување на територијалниот интегритет треба да биде од универзален карактер, а не да важи само за Србија“.

„Исто како што некој, кога сака да го оправда признавањето на Косово, вели дека примерот на Косово е суи генерис (единствен случај), исто така е и примерот на Србија во однос на санкциите“, кажа Дачиќ.

Тој кажа дека на состанокот „немало изразени притисоци“ врз Србија и додаде дека е „пријатно изненаден бидејќи речиси сите министри од ЕУ зборувале позитивно за потребата Западниот Балкан што побрзо да ѝ се придружи на Унијата, иако не зборувале за конкретни рокови“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ