недела, 3 ноември 2024

Дачиќ: Унгарија нема да дозволи воведување санкции против Србија

Министерот за надворешни работи на Србија Ивица Дачиќ изјави дека шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто кажал дека сè посилни се барањата Европската Унија да ѝ воведе санкции на Србија поради случувањата кај селото Бањска, но дека Будимпешта тоа нема да го дозволи.

Објавено на

часот

Сподели

По состанокот со Сијарто на маргините на 74-тото заседание на Извршниот комитет на Високиот комесаријат на ОН за бегалци (УНХЦР), Дачиќ кажа дека шефот на унгарската дипломатија му го пренел ставот на премиерот Виктор Орбан дека Белград може да смета на поддршка од Будимпешта во ЕУ, која одлуките ги носи едногласно.

„Тој ми го пренесе ставот на премиерот Орбан за јас тоа повторно да му го пренесам на претседателот (на Србија Александар) Вучиќ, иако тие се видоа пред неколку дена во Гранада (на самитот на Европската политичка заедница). Ми кажа дека сè посилни се барањата кои се слушаат од поддржувачите на Приштина за воведување санкции на Србија, но дека Унгарија тоа сигурно нема да го дозволи“, наведе Дачиќ.

Прашањето за воведување санкции на Србија беше отворено откако највисоките функционери на Косово ги обвинија властите во Белград дека стои зад инцидентот со вооружената група Срби и косовската полиција во селото Бањска на 24 септември.

Дачиќ кажа дека со Сијарто разговарал и за прашањето на нелегалните мигранти кои минуваат низ Србија и Унгарија во желба да стигнат до западна Европа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ