сабота, 27 јули 2024

Дачиќ: На Црна Гора ќе ѝ треба некогаш нашиот глас, нема да може да сметаат на него

Објавено на

часот

Сподели

„Црна Гора можеше да биде макар воздржана, да покаже барем малку почит кон нашите проблеми. Мораме и тука да дејствуваме реципрочно. Црна Гора гласаше за прием на Косово. Ќе им треба некогаш и ним нашиот глас, сигурно нема да можат да сметаат на него“, кажа Дачиќ.

Тој, меѓу другото, кажа дека Србија непријатно ја изненадила Украина, која била воздржана, потсетувајќи дека официјален Белград го осудува кршењето на територијалниот интегритет на Украина во сите резолуции. Тоа, додаде, ќе влијае на понатамошните ставови на Србија.

„Што се однесува до Босна и Херцеговина, дали имало некоја моја изјава да не сум кажа територијалниот интегритет на БиХ? Сега кога некој ќе праша, ќе бидеме воздржани. Па зошто би биле за територијалниот интегритет на БиХ, а тие да гласаат воздржано?“, праша Дачиќ.

Амбасадорката на Црна Гора во Советот на Европа Божидарка Крунчиќ во понеделникот, на седницата на Комитетот на министри на СЕ, го поддржа влегувањето на Косово во Советот на Европа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ