сабота, 27 јули 2024
Министерски совет на ОБСЕ

Дачиќ и Лавров со пријателски поздрав во Скопје

Објавено на

часот

Сподели

Пријателски поздрав Лавров доби од шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ, кои се стари и добри познаници. Русија и Србија не си имаат спроведено санкции, па и немаат што многу за лутина да си расправаат. А што за момент си кажаа онака, тој од нога, а овој од столче, можеле евентуално да слушнат тие во нивна близина.

Лавров протоколот го сместил помеѓу Сан Марино и Романија. Фотографијата покажува дека на Сан Марино не му пречи руското друштво, додека Романецот или не пристигнал, или сака да го избегне моменталниот публицитет околу тукушто комотно седнатиот Лавров.

д

                                                                                           П.Џ.  Фото: Роберт Атанасовски

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ