Пријателски поздрав Лавров доби од шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ, кои се стари и добри познаници. Русија и Србија не си имаат спроведено санкции, па и немаат што многу за лутина да си расправаат. А што за момент си кажаа онака, тој од нога, а овој од столче, можеле евентуално да слушнат тие во нивна близина.
Лавров протоколот го сместил помеѓу Сан Марино и Романија. Фотографијата покажува дека на Сан Марино не му пречи руското друштво, додека Романецот или не пристигнал, или сака да го избегне моменталниот публицитет околу тукушто комотно седнатиот Лавров.
П.Џ. Фото: Роберт Атанасовски