сабота, 19 октомври 2024

Дачиќ: Да беше Косово албанско, Албанците ќе имаа свој збор за него

Објавено на

часот

Сподели

Тој, зборувајќи пред Советот за безбедност на Обединетите нации, кажа дека министерката за надворешни работи на Косово Доника Гервала од тоа тело на светската организација направила „театар на апсурдот“.

„Некои изјави на граѓанката Гервала ќе влезат во историјата. И Орвел би ѝ позавидел на тоа. Граѓанката Гервала вели: „Косово е најдемократската земја на Балканот“. Ајде што ја навредувате Србија, но знаеле ли уште колку земји има на Балканот, ако некој вас може да ве нарече земја. Кажа дека Косово е гарант на слободата и мирот на Балканот. Па баш бевте гарант на мирот и слободата кога во Првата светска војна војувавте против Французите и Британците. Па во Втората светска војна војувавте за Хитлер. Дивизија Скендербег. Секогаш сте биле на вистинската страна на слободата и мирот“, кажа Дачиќ иронично.

Ги замоли сите присутни и меѓународната заедница да покажат силна политичка волја за дијалогот на Белград и Приштина да успее, но кажа дека „црвените линии“ за кои зборуваше претседателот на Србија Александар Вучиќ мора да се почитуваат.

„Првиот услов за имплементација на она што е договорено е формирањето на Заедница на српски општини. Ние сакаме дијалог, но не сакаме да се злоупотребува, некој да не ги исполнува своите обврски и за тоа да биде награден“, кажа Дачиќ.

Српскиот министер кажа дека приштинската претставничка не сака дијалог, туку продолжување на војната и конфликтите и ги повтори нејзините претходни изјави во кои кажа дека албанскиот народ бил во заблуда кога мислел дека слободата ќе му ја донесат Американците и дека треба да се подготви прашањето на Косово да се реши по оружен пат.

Шефот на српската дипломатија истакна дека тврдењата на Гервала дека Србија извршила геноцид на Косово и Метохија се неточни, бидејќи ако било така, немало во Приштина во која некогаш живееле 40.000 Срби сега да останат нешто повеќе од 100, ниту во Призрен во кој живееле 10.000 сега да живеат нешто повеќе од 20 Срби.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ