сабота, 27 јули 2024

Дачиќ: Ако Косово може да побара и да добие независност, зошто тогаш Република Српска не може да го стори истото

Објавено на

часот

Сподели

Дачиќ за ТВ Пинк изјави дека тие Албанци се во ОН како граѓани на Србија и сакаат да бидат од Србија „само кога таа им е потребна“.

„Јас реков – колку сте лицемерни вие Албанците, вие не сакате во Србија, а од неа молзевте пари колку што можевте, а сега сакате и своја држава“, рече шефот на српската дипломатија, пренесе Н1.

Дачиќ додаде дека една ситуација на барање независност е кога еден народ нема своја држава, но Абанците имаат своја држава, Албанија.

„Ако Косово може да побара и да добие независност, зошто Република Српска не може да го стори истото“, праша Дачиќ.

Дачиќ, коментирајќи ја претстојната средба на лидерите на Србија и Косово, Александар Вучиќ и Аљбин Курти, во Брисел, повтори дека без формирање на Заедница на српските општини на Косово, нема натамошно спроведување на договорот.

„Но, важно е да бидеме паметни и да направиме сѐ за да го зачуваме мирот. Не се плашиме ние ниту од Курти, ниту од Гервала, од нив треба да се плаши меѓународната заедница“, рече шефот на српската дипломатија.

Тој повтори дека е за влез на Србија во Европската унија, но со зачуван територијален интегритет и суверенитет.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ