сабота, 27 јули 2024

Дабиќ: Eлементи на терорирзам во М-НАВ. СПМ: Да се одважи ЈО и да реагира

Доскорешниот претседател на Македонскиот дипломатски синдикат, Зоран Дабиќ реагира на случувањата во М-НАВ и оценува дека станува збор за акт со елементи на тероризам. Поддршка на вработените организирани во синдикат пристигна и од Синдикатот на полицијата.

Објавено на

часот

Сподели

„Искажувам целосна подршка на Синдикатот на М-НАВ и барам итна оставка на раководството на М-НАВ. Со ваквиот акт, кој има и елементи на тероризам, е направена голема дипломатска штета на Република Македонија. Неразбирлива е инертноста на Владата, кој не одржа итен состанок, туку чека 5 дена, оставајќи можност за влијание врз сведоците и криење докумемтација’, вели поранешниот претседател на Македонскиот дипломатски синдикат, амбасадорот Зоран Дабиќ.

Синдикатот на полицијата во Македонија (СПМ) наведува дека во духот на синдикализмот и поддршка на владеењето на правото, дава поддршка на претставниците и членовите на Синдикатот на контролори на летање, како и претседателот Александар Тасевски, со надеж дека ќе преовладее разумот и правдата, велат од Синдикатот на полицијата.

„Се надеваме дека Јавното обвинителство, ќе се одважи и ќе ги преземе сите мерки за правилно и законско санкционирање на сите инволвирани во случувањата во М-НАВ, без разлика на тоа кои се чинителите на настанот, како и организаторите, помагачите и оние кои можеле, но не го спречиле настанот“, стои во поддршката.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ