четврток, 12 декември 2024

Објавено на

часот

Сподели

КОЛУМНА

Да славиме! Па макар и на сила.

 

 

[heading style=”1″]Чекавме 20 години[/heading]

Одлуката на овој референдум ја чекавме практично од оној минатиот. Тогаш, а беше тоа пред точно дваесет години, хрватските граѓани гласаа за излез од Југославија за да ѝ се приклучат на Европа. Сега тоа конечно се случи. Можеби дури и на обострано задоволство.

Но, сѐ околу овој референдум се одвиваше во типично хрватски стил.

Официјалната кампања беше на граница на агитпроп. Со еднакво количество информации, уверување и привлечност. Имајќи ги предвид непропорционално вложените средства, беше полоша дури и од конфузната, неартикулирана и често глупава кампања на евроскептиците.

[heading style=”1″]Видовитите ХДЗ[/heading]

Не треба тогаш да се чудиме зошто на референдумот излегоа толку малку граѓани. За среќа во ХДЗ беа сигурни дека нема да можат да ги мотивираат граѓаните за идејата на Европската унија, па пред рака го смени Уставот.

Вака референдумот излезе легален, но не и легитимен.

[heading style=”1″]Граѓаните не се виновни[/heading]

За срамно малиот одзив најмала одговорност сносат хрватските граѓани. Политичката елита толку одолговлекуваше со преговарачкиот процес што на сите ни се повраќа на самото спомнување на УНијата. Како сите да чекаа конечно да му дојде крајот на мачењето.

Европската унија пред домашната јавност се претставуваше како строг ментор, а не како посакуван пример. Тие што со години урлаа против ЕУ и нејзините вредности, одеднаш почнаа да навиваат за неа: Каптол, бранителите, десницата, ХДЗ, Хвидра, Милан Ивкошиќ…

На тие кои таквиот пресврт не ги збуни, едноставно почна да им се гади.

[heading style=”1″]Лажни информации[/heading]

Многу граѓани се жалеа дека немаа доволно информации за Европската унија. И можеби беа во право. Но што друго очекуваа ако се има предвид дека информации не добиваа ни пред парламентарните, претседателските, локалните избори. А и тие што им беа сервирани многу брзо се покажаа како лажни или беа едноставно заборавени.

Како, да кажеме, ветувањето на Кукурику за намалување, а не зголемување на ДДВ-то.

[heading style=”1″]Убиената граѓанска свест[/heading]

И она најважното. Со кое право очекуваа од хрватските граѓани да покажат свест, иницијатива и желба со сопствениот глас да одлучуваат на гласачките места, кога дваесет години упорно не им се даваше таа можност?

Хрватите никогаш не излегуваа на референдум. Кога излегуваа на избори, го правеа тоа само за да го предадат одлучувањето во рацете на политичките елити. Потоа на следните избори ги казнуваа или наградуваа. И притоа, во голема мера, носеа не иформирана и емоционална одлука.

Значи, одговорноста за слабиот одзив на референдумот не треба да им се нагрбачи на Хрватите, туку на нивните господари. Тие во нив ја убија граѓанската свест, ги навикнаа да го препуштаат носењето одлуки. Без оглед дали биле тие добри или лоши.

[heading style=”1″]Две добри работи[/heading]

И веќе на овој референдумски тест Хрватска покажа дека не е зрела европска демократија.
Да не влегуваме сега повторно во расправи за тоа дали Хрватска има повеќе гласачи од жители, и дека е генерално тешко да се определи вистинскиот процент на луѓе што излегоа на референдумот, оваа недела се случија две добри работи: се одржа референдум и хрватските граѓани го поддржаа влегувањето во Европската унија.

Сѐ останато само не потсетува дека трансформацијата на Хрватска во европска држава е сѐ уште долг, за некои и предолг пат.

[heading style=”1″]Добредојдовте во стварноста[/heading]

Уште утре ќе се соочиме со Владата која не знае кон каде да се сврти, со економијата која веќе три години бележи постојан пад на БДП, со правосудството кое ни по европски надзор не успеа да се извлече од политичката послушност, со милион вработени кои произведуваат за трите милиони од оние останатите, со државните служби во кои со Уставот е забрането да се чепка…

Навистина, би требало вечерва да славиме, но песната никако да почне, пишува колимнистот на хрватскиот портал Индекс.

КОЛУМНИ

Кристина Пота Радуловиќ

Што е она што можам да го направам сега?

Љубомир Николовски

Коби Брајант: стремеж кон совршенство

Соња Стојадиновиќ

Кој ќе победи на избори? Прашај го ЧетГПТ

Светлана Јовановска

Иновации или играње со европските закони

Ристо Цицонков

Околу новата стратегија за енергетски развој на Македонија

Славој Жижек

Дали Украина треба да има нуклеарно оружје?

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ