сабота, 27 јули 2024
Вицепремиерот пред Стопанската комора на Македонија

Да скапеме во доживотен затвор ако се проневери 1 денар при изградбата на автопатиштата, рече Груби

Објавено на

часот

Сподели

Тој порача дека не познава ниту еден политичар кој ќе си дозволи коруптивни активности во проект што го спроведуваат компании како Бехтел и Енка, истакнувајќи дека хајката што се води е само за дневна политика. 

Груби информираше дека досега не се исплатени средства, а првото авансно плаќање за почетокот на градежните работи ќе биде објавено на порталот Отворени финансии. 

артан

„Измените на Законот за работни односи, што се дел од пакетот закони за забрзување на реализацијата на проектот, не значат експлоатација на работниците и злоупотреба на нивните права. Не се работи за 60 часови работа, туку за дополнителни часови со согласност на работниците“, рече Груби.  

Според Груби, во Договорот никаде не пишува исплата на пенали, а домашните градежни компании ќе имаат голема корист во тек на целиот градежен процес со тоа што над 51 процент од работите ќе биде од домашни ресурси.  

артабн

„Драги мои, фрлија една милијарда на стиропор и споменици. Ние со една милијарда градиме автопатишта со американски компании. Е, има разлика, навистина има разлика. Верувам дека веќе увидовме дека јас сум атипичен политичар. Решен сум да оставам белег и тоа на најдостоинствен и транспарентен начин, во интерес на граѓаните и државата, но со храбро настапување, амбициозност, посветеност знаење и работа. Решен сум исто така да го предизвикам естаблишментот поставен во последните три децении и наметнатото статус кво како и да наметнам нов начин на работа и размислување. Истото го правиме во сите индустрии. Јас сум подготвен заедно да направиме економски рамковен договор“, рече во своето обраќање вицепремиерот Артан Груби.

Покрај стопанственици на настанот присуствуваат и министрите за транспорт и врски Благој Бочварски, за финансии Фатмир Бесими, за економија Крешник Бектеши, како и директорот на ЈП за државни патишта Ејуп Рустеми и раководители на други институции поврзани со проектот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ