сабота, 27 јули 2024
Предлози со новата Стратегија за правосудство

Да се укине Вишиот управен суд, а судиите поротници да подлежат на одговорност

Објавено на

часот

Сподели

На вчерашната седница на Советот за следење на имплементацијата на Стратегијата за реформа на правосудниот сектор, која прв пат се одржала со физичко присуство, министерот за правда Кренар Лога на членовите на советот им порачал дека е неопходно одредени активности да бидат дел од новата развојна стратегија. 

„Надлежноста за издавање на лиценци за вештаци, од Министерството за правда  да се префрли на надлежните комори. Правосудниот испит, како и испитите за нотари и извршители наместо во Министерството за правда да се полагаaт во Академијата на судии и јавни обвинители“, соопшти денеска Министерството за правда.

Министерот Кренар Лога, се додава, по сопствена иницијатива побарал да се укине дискреционото право на министерот за избор на нотари и извршители и да се обезбеди транспарентвост во постапките за нивно именување.

Понатаму, се наведува во соопштението, се предвиди кривична одговорност на судиите поротници, да поднесуваат анкетни листови за имотната состојба и да има присуство на јавност во сите постапки пред Апелационите судови и Врховниот суд.

„Дел од предлозите за кои ќе треба во наредниот период да се дискутира се укинувањето на Вишиот управен суд за што ќе биде потребна целосна реформа на управното право, како и измени на Законот за Судскиот совет во начинот на избор и разрешување на членови на советот, соопштија од Министерството за правда.

На седницата било дискутирано и за сите забелешки, коментари и предлози од сите членови на Советот по однос на активностите од Акцискиот план.

Од Министерството за правда информираат дека ВМРО – ДПМНЕ и покрај тоа што  биле поканети да присуствуваат на седницата, не дошле на расправата. Драфт верзијата од Развојната Стратегија, нјавија, ќе им биде доставена по што се очекува да дадат конкретни забелешки и коментари за одредени прашања.

„Стратегијата е од исклучителна важност од аспект на донесувањето на Патоказот за владеење на правото и негово имплементирање а со неа се очекува да се зголеми довербата во правосудството“, велат од министерството.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ