петок, 18 октомври 2024
Прес-конференција на Мехмедовиќ

Да се укинат сите мерки за заштита од ковид, бара КЗБ, сите заразени сега се лесни случаи

Објавено на

часот

Сподели

Предлогот се однесува и на тоа ковидот да се третира како вообичаена заразна болест која ќе биде на ниво на другите болести.

„Препорачуваме и понатаму луѓето кои ќе прават посети во болници или оние кои ќе се најдат во болница за каква било друга услуга или интервенција се уште да користат заштитни маски особено доколку се во високата ризична група на граѓани кои имаат повеќе болести, кои се над 65 год итн. бидејќи носењето маски ни укажа на тоа колку може да се превенираат интрахоспиталните инфекции“, рече Мехмедовиќ.

Тој информира дека се намалува бројот на заразени од ковид-19 кои се регистрираат на неделно ниво, а рекордно најниско ниво на заболени од ковид е регистрирано минатата недела со 66 заболени. Во последниот извештај нема починати, а оние кои се заразени се лесни случаи кои не се на респираторна поддршка.

Ковидот, како што рече Мехмедовиќ, ќе остане да биде присутен меѓу нас, прогласување на крајот на сите мерки не значи дека веќе нема да го има и ќе треба да внимаваме. 

Се уште стојат препораките за вакцинација против ковид-19. Според Мехмедовиќ, тоа е една од методите којашто не доведе во ситуација да направиме колективен имуминтет. 

На Комисијата се разговарало и за тоа во иднина како треба да се водат извештаите за ковид-19 и дали треба да бидат тие на неделно или на месечно ниво.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ