сабота, 27 јули 2024

Да се направи итна проценка на ризиците од Тикток, ќе ѝ предложи МОН на Владата

Објавено на

часот

Сподели

Имајќи предвид дека тие социјални мрежи не треба да се користат во училишна средина, додава министерот, МОН веќе изработува протоколи и насоки за стручните служби на училиштата и наставниците, како тие ризици би се минимизирале, а нивната употреба да се ограничи или целосно да се оневозможи.

„Ги повикувам сите наставници, како и родители, на поотворен дијалог, надминување на шокот и неверувањето, промоцијата на разбирањето и позитивните согледувања, со цел да се помогне на своето дете, како и на децата околу нас, бидејќи тие се најзагрозената категорија во моментот“, посочува Шаќири.

Веќе во консултација со експертската заедница од повеќе институции и факултети, дополнува, ќе се зајакнат дополнително превентивните програми за борба против булингот, промоција на ненасилството и дијалогот, како клучни елементи за образование и развој на нашите ученици. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ