сабота, 27 јули 2024

Да не штрајкуваат контролорите на летање, побара министерот за транспорт од синдикалецот при М-НАВ

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски попладнево од претседателот на Синдикатот при М-НАВ (ССКЛ), Александар Тасевски побарал Синдикатот да не ја спроведе одлуката за прекин со работа. Административните постапки во М-НАВ не смеат да влијаат во професионалноста на Друштвото во насока на нормалното одвивање на ависообраќајот во земјава, кажал министерот.

Објавено на

часот

Сподели

Бочварски се заблагодари за разбирањето и подготвеноста на Синдикатот, интересот на граѓаните и државата да се стават во прв план, велат од министерството во соопштението.

„Тие ги потврдија заложбите на министерството и Синдикатот за надминување на оваа состојба и потенцираа дека доследно ќе се придржуваат кон спогодбите од договорот од месец октомври меѓу менаџметот на М-НАВ, Синдикатот и Министерството за транспорт и врски како посредник за надминување на состојбите во Друштвото.

Во однос на јавните огласи во М-НАВ, потврдуваме дека не се објавени во рок од два работни дена, односно  применета е законска обврска за времетраење на јавниот оглас, од причина што огласот од правен аспект треба да се реализира до крај на оваа година.

Она што се согласни министерот Бочварски и претседателот на Синдикатот е дека во наредниот период во постапките за сите јавни огласи за нови вработувања во делот на оперативниот кадар, ќе биде вклучен и Синдикатот, како пракса во насока на подигнување на повисоко ниво на човечкиот и техничкиот капацитет на М-НАВ.

 Средбите меѓу засегнатите страни ќе продолжат и понатму за подобра координација и подигнување на нивото на транспарентноста за сите прашања.

На крај на средбата министерот Бочварски му се заблагодари на претседателот на Синдикатот, Александар Тасевски  како дел од оперативниот кадар на М-НАВ за посветеноста во работата и успешната година во делот на воздухопловните операции и рекордна бројка на превезени патници во ависообраќајот во Северна Македонија, особено за успешната поддршка за реализација на Министерскиот самит на ОБСЕ 2023 го Скопје“, се вели во соопштението.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ