сабота, 27 јули 2024

Да не се вознемируваат охриѓани, полицијата вежба боево пукање

Припадници на редовниот состав на криминалистичката полиција и полицајци за безбедност во патниот сообраќај денеска започнаа со вежбовно боево гаѓање со огнено оружје на стрелиштето „Бејбунар“ во Охрид. Вежбата ќе продолжи и утре.

Фото: Фесјбук

Објавено на

часот

Сподели

За предвидените вежбовни активности претходнмо се известени соодветните служби и стрелиштето, Ловечкото друштво – Охрид, ЈЗУ „Здравствен дом” Охрид и урбаната заедница „Билјанини извори”.

Пред почетокот на боевото гаѓање, полициски екипи извршиле теренска обиколка и обезбедување на поширокото подрачје на стрелиштето „Бејбунар” со цел оневозможување влез на граѓани во безбедносните зони, а медицинското обезбедување ќе го вршат стручните медицински екипи од ЈЗУ „Здравствен дом”.

Од полицијата апелираат до граѓаните кои се движат кон стрелиштето „Бејбунар“, да ги почитуваат ознаките и натписите за забранет пристап, да не се задржуваат во безбедносните зони и целосно да се придржуваат кон останатите насоки на полициските службеници.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ