сабота, 27 јули 2024
Протест

Да не се спојуваат наставните предмети, бара Независниот синдикат на образование и наука

Објавено на

часот

Сподели

Првите луѓе на синдикатите рекоа дека го искажуваат своето незадоволство како резултат на недостаток на социјален дијалог, погазување на работничките права, погазување на достоинството на просветните работници, непочитување на законите и колективните договори. Тие најавија дека доколку нема слух и доколку не настанат радикални промени во скоро време од страна на МОН ќе повикаат на преземање порадикални чекори што подразбира организирање „обичен или бел штрајк“ во зависност од синдикалната поддршка.   

Членовите на синдикатот се незадоволни од најавите за спојување на повеќе наставни предмети Географија, Историја, Хемија, Физика, Биологија, Граѓанско образование, Етика, Информатика и Техничко образование. Ваква појава, според претседателот на Независниот синдикат за образование Томислав Гиевски, може да предизвика губење на дел од работните места, а истовремено го погазува професионалниот интегритет на работниците.

„Географот се обучувал да предава географија, историчарот историја…Со ваквите промени просветните работници стануваат универзални, секој да биде соодветен за секој предмет да го предава. Тоа е исто како хирурзите да ги испратиме да гаснат пожар, а пожерникарите да ги испратиме да работат во некоја конфекција. Се погазува професионалноста“, рече Гиевски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ