петок, 14 март 2025

Да не избрзуваме со заклучоци поврзани со визата на Лимани, вели премиерот

Односите помеѓу администрацијата на претседателот Трамп, помеѓу луѓето од администрацијата во американската амбасада тука и Владата се на ултра високо ниво и да не избрзуваме со заклучоци поврзани со визата на Лимани, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски по извршениот увид на градежни активности во Ѓорче Петров.

Објавено на

часот

Сподели

Премиерот Мицкоски коментирајќи го случајот со одбиената американска виза на министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани, порача да не се избрзува со заклучоци.

„Јас не би избрзувал со заклучоци поврзани со визата, да почекаме, што ако добие најскоро тогаш што правиме што ќе се случи?! Затоа да не брзаме, знаеме точно што правиме нема да направиме ниту милиметар спротивен од интересот на државата и граѓаните“, изјави Мицкоски.

Американската амбасадорка Анџела Агелер вчера во врска со одбиеното барање за виза на министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани упати одговор да се бара кај самиот апликант, посочувајќи дека САД имаат строги закони за приватност и дека не може да коментира прашања поврзани за добивање на американска виза за ниту еден апликант.

–„Имаме многу строги закони за приватност во Соединетите Американски Држави и затоа не можам да коментирам какви било прашања за виза за ниту еден поединец. Би ве упатила кај министерот да ви каже за тоа што се случило, но, исто така, ќе кажам дека секој апликант за американска виза, процесот за добивање на американска виза му се објаснува на поединецот, а доколку има нешто дополнително, тоа е исто така објаснето“, рече Агелер.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ