сабота, 27 јули 2024

Да може да се гласа со несменети лични документи, на дневен ред во Собранието

Измени и дополнувања на Изборниот законик, по скратена постапка, со цел граѓаните кои уште не ги смениле личните докенти да можат да гласаат на изборите, е точка на дневниот ред на Собранието која денеска беше усвоена. Најнапред ќе треба да расправаат собраниските комисии.

Објавено на

часот

Сподели

Пратениците го усвоија дневниот ред на 147 седница на која ќе расправаат за предлог-законот за дополнување на Законот за високото образование и за предлог-законот за изменување и дополнување на Изборниот законик, двата по скратена постапка, откако претходно нив ќе ги разгледаат матичните комисии (за образование, наука и спорт и за политички систем) и Законодавно-правната комисија.

Во однос на предлог-законот за изменување и дополнување на Изборниот законик, по скратена постапка, како што рече пратеникот Мартин Костовски, целта е да се допрецизира постојната правна рамка и да се доуредат одредбите од постојното законско решение во насока на инклузивен изборен процес за сите учесници на изборите – сите гласачи кои ги исполнуваат условите да бидат запишани во избирачките списоци, со отстранување на ограничувањата врз основа на истечени документи за идентификација.

Со измените треба да се разјаснат процедурите за вклучување во избирачките списоци на лицата кои ќе наполнат 18 години помеѓу двата изборни круга.  Со преодната одредба од овој предлог се уредува правото избирачите да може да гласаат со лична карта или патна исправа чија важност истекла во периодот од деветмесеци до денот на одржување на изборите.

Пратеникот Арбер Адеми соопшти дека со дополнувањата на Законот за високото образование ќе се унифицираат платите на сите државни универзитети, со што, рече, ќе се постигне усогласување на коефициентите  и ист статус на вработените на сите универзитети.

Собранието ќе ја продолжи 147-та седница во 13.30 часот откако овие два предлога ќе бидат разгледани од матичните комисии и од Законодавно-правната комсија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ