сабота, 27 јули 2024

Да ја доближиме правдата поблиску до граѓаните и граѓанките

Изложбата на фотографии и панел дискусијата, „Да ја доближиме правдата поблиску до граѓаните и граѓанките!“, се одржа во Мала станица за да се одбележи Меѓународниот ден на човекови права и да се подигне свеста за важноста на пристапот до правдата за сите и за користа којашто ја носи за сите. Настанот беше организиран со поддршка на заедничката програма на  Европска унија/Совет на Европа, проектот „За консолидиран и поефикасен систем за бесплатна правна помош (БПП) во Северна Македонија“.

Објавено на

часот

Сподели

На настанот, учесниците ја имаа можноста да ја видат изложбата на најдобрите фотографии избрани на фото-натпреварот „Да ја доближиме правдата поблиску до граѓаните и граѓанките!“ , којшто беше објавен по повод Европскиот ден на правдата, со цел да се вклучат помладите генерации во залагањата за правда и за човекови права, во согласност со европските стандарди.

Мухамед Точи, државниот секретар во Министерството за правда го отвори настанот, нагласувајќи дека сите граѓани и граѓанки треба да имаат загарантиран пристап до правдата. „Сите се еднакви пред законот и сите имаат еднакво право на правна заштита“,  додаде Точи.

в

Во нејзиното обраќање, Елена Јовановска Брезоска, раководителка на Одделот за Југоисточна Европа во Советот на Европа, потенцираше дека на 10 декември 2023 година се одбележува 75-годишнината од Универзалната декларација за човекови права. „Оваа декларација претставува  столб во архитектурата на човековите права во нашите општества, каде што секој од нас – без дискриминација – има право да живее и да се развива во мир и сигурност. Човековите права се од суштинска важност за секој човек и за секое општество, треба да ги користиме секој ден, во секојдневниот живот и да работиме на градење на правда, еднаквост, мир и слобода за сите“ истакна Јовановска Брезоска.

ц

Jелена Ристиќ, заменик претседателка на Адвокатската комора ја истакна важната улога на адвокатите во давањето на бесплатна правна помош и потенцираше дека адвокатите ја имаат таа одговорност да им помагаат на граѓаните и граѓанките да ја добијат правдата.

Милица Шутова, раководителка на Правната клиника при Универзитетот Гоце Делчев во Штип, напомена дека  само системски решенија можат да обезбедат бесплатна правна помош до правдата за сите.  

По панел-дискусијата, државниот секретар на Министерството за правда ги објави победниците на натпреварот. Првата награда му беше доделена на Стефан Анчевски за фотографијата „Само човек“.

Втората награда и беше доделена на Викторија Бунтеска, а третата на Александра Нешкоска.

Настанот е организиран во рамките на заедничката програма на Европска унија/Совет на Европа  „Horizontal Facility за Западен Балкан и Турција“, иницијатива за соработка  со цел да им се помогне на земјите-кориснички во Западен Балкан и Турција да ги исполнат европските стандарди.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ