На граѓаните, исто така, им било укажано на законските импликации доколку од невнимание или намерно предизвикуваат шумски пожари или неконтролирано се сечат шумите. Целта на денешните активности, кои минатиот викенд беа организирани и на гостиварското подрачје, е подигнување на еколошката и безбедносната свест на граѓаните, да ги чуваат шумите и да се грижат за нив како природно богатство со големо општествено и друго значење, велат од СВР Тетово
.