сабота, 27 јули 2024
Oбраќање на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ

Да беше ДУИ проевропска партија ќе беше дел од некоја европска организација, вели Мицкоски

Ние сме дел од Европската народна партија, некои партии се дел од европските социјалдемократи, либерали, од зелените… Но, замислете, ДУИ, која се претставува за проевропски промотор, не се дел од ниту една европска политичка организација“, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на конференцијата во организација на Паневропска унија на Македонија. Тој додаде дека со власта СДСМ – ДУИ седум години земјава секојдневно се соочува со скандали.

Објавено на

часот

Сподели

„Секогаш кога говорам со меѓународни претставници кои се присутни во државата или кои остваруваат посета во нашето седиште на партијата вообичаено ме прашуваат па добро што ќе направите, што ќе сторите вие. Не постои рецепт што јас би требало да направам, не постои таков случај. Потребно е да има политичка волја која би требало да биде одлучна без било каков компромис, без било какви концесии и отстапки. И однесувањето на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ во изминативе две години е типичен пример на тоа дека не сме исти“, рече Мицкоски.

Нагласи дека откако градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ се на чело на општините нема ниту еден единствен случај за корупција или криминал што е поврзан со нив.

„Ние имаме брилијантни законски решенија пишани на хартија, меѓутоа она што недостасува е спроведување. На пример, имаше еден случај за М-НАВ, група на политички активисти со криминалци влегуваат во објект кој што е од круцијално значење за НАТО државите. Меѓу нив е еден кој што е претседател на локалниот огранок на партија ДУИ. Само што го притворија, вчера беше пуштен на слобода“, рече Мицкоски.

Тоа, како што посочи, не е добар пример и затоа, додаде, партијата ВМРО-ДПМНЕ укажува дека има двојни аршини и дека за жал ова е реалноста со која што се соочуваат граѓаните секојдневно со оваа власт.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ се осврна и на ДУИ, партија коалициски партнер во власта заедно со СДСМ која се промовира како проевропска.

„Најголемиот промотор на европските вредности, ДУИ не се дел од ниту едно европско политичко семејство. Ние сме дел од Европската народна партија, некои се дел од социјалдемократите, либералите, зелените итн. Замислете ДУИ, проевропски настроените не се дел од ниту една европска политичка организација. Веројатно тоа ќе го сменат“, кажа Мицкоски.

Тој се осврна на отстапките кои земјава ги прави низ годините на патот кон Европската Унија.

„Луѓето имаат направено многу за европските вредности како никој претходно. Имаме многу проблеми и предизвици во образованието, здравството. Но, кога зборуваме за надворешните предизвици, треба да нагласам дека како никој кој е дел од ЕУ, ние инвестиравме многу. Го сменивме знамето во 90-тите, ја поддржавме Алијансата во 1999 година против режимот на Милошевиќ, примивме 500 илјади бегалци, имавме конфликт во 2001 година и фактички, направивме федерализација, го сменивме Уставот, го сменивме името и повторно го сменивме Уставот. И, потоа следеа само ветувања. Патот кон ЕУ го почнавме со Хрватска, која е веќе десеттина години членка и го користат еврото и се дел од Шенген зоната, а ние не сме ниту на масата, туку сме во лобито“, рече Мицкоски и додаде дека повторно имаме вештачки услов за внесување на Бугарите во Уставот, но дека никој не кажува дали е тоа последниот услов.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ