четврток, 23 мај 2024
Изјава на раководителката на Институтот за патофизиологија и нуклерна медицина

Д-р Маказлиева за МКД: Имаме ограничени реагенси за ТСХ, но пациентите нема да плаќаат приватно

Институт за патофизиологија и нуклеарна медицина во Скопје го чека завршувањето на тендерот за набавка на реагенси за успитување на ТСХ (тиреостимулирачки хормон)  кој служи за да се испита функцијата на тиреоидната жлезда. Во меѓувреме, вели за МКД.мк раководителката доц. д-р Тања Маказлиева, специјалист по нуклеарна медицина, пациентите кои имаат закажано контроли се упатуваат да направат анализи преку матичниот лекар или доколку не се во можност, тогаш Институтот за патофизиологија ги упатува анализите пред Фондот за здравствено осигурување да ги направат во Институтот за клиничка бихемија. Ниту еден од пациентите, вели директорката на Институтот на патофизиологија нема да биде оставен да прави анализи и да плаќа приватно додека се со ограничени количини на реагенси.

Објавено на

часот

Сподели

Овие количини на реагенси кои се ограничени речиси два месеци, во моментов Институтот за патофизиолигија и никлеарна медицина ги користи за тешките пациенти и оние кои се со карцином на тироидната жлезда.

„Во моментов тече тендерската постапка која малку се одолговлекува. Ние немаме наш буџет туку сите институти имаат заеднички тендерски постапки. Имаме ораничена количина на реагенси, а не да немаме реагенси и моравме да направиме рационализирање на средствата. Тендерот за набавка на реагенси веќе е во завршна фаза, а кај нас сите анализи ги прават сега само оние итни пациенти, односно со карцином. Останатите ги упауваме на Институтот за клиничка биохемија или испраќаме допис до матични лекари, да издадат упати еднаш или повеќе пати годишно, во зависност од потребите на пациентот и ги замоливме да дојдат со готови резултати за хормонот од матичниот лекар. Оние што не можат преку матичниот лекар и доаѓаат директно кај нас на закажаниот термин, ние ги упатуваме до Институтот за клиничка биохемија“, вели за МКД.мк д-р Маказлиева.

Таа појаснува дека сепак треба да се има предвид дека во еден ден на Институтот за патофизиологија и нуклеарна медицина има над 100 пациенти и дека не е возможно сите да се упатат до Институтот за клиничка биохемија бидејќи нема да можат да постигнат.

„Од Институтот за клиничка биохемија ни излегоа во пресрет. Во интерес на пациентите ние менаџираме со нив и со матичните лекари и секој ќе добие соодветна и потребна лекарска помош. Нема да ги оставиме и реаганеси има за итните пациенти“, додава раководителката на Институтот за патофизиологија и нуклеарна медицина.

Пациентите кои хорманалниот статус го проверуваат и го контролираат работењето на тироидната жлезда на Институтот за патофизиологија и хуклеарна медицина од пред повеќе од еден месец добиваа СМС пораки дека нема реагенси и дека ќе мора да дојдат со готови анализи добиени преку упат од кај матичниот лекар, па беа збунети дали ќе треба да платат приватно ако одат директно на закажаниот термин за испитување на тироидната жлезда.

К.Д.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ