Овие количини на реагенси кои се ограничени речиси два месеци, во моментов Институтот за патофизиолигија и никлеарна медицина ги користи за тешките пациенти и оние кои се со карцином на тироидната жлезда.
„Во моментов тече тендерската постапка која малку се одолговлекува. Ние немаме наш буџет туку сите институти имаат заеднички тендерски постапки. Имаме ораничена количина на реагенси, а не да немаме реагенси и моравме да направиме рационализирање на средствата. Тендерот за набавка на реагенси веќе е во завршна фаза, а кај нас сите анализи ги прават сега само оние итни пациенти, односно со карцином. Останатите ги упауваме на Институтот за клиничка биохемија или испраќаме допис до матични лекари, да издадат упати еднаш или повеќе пати годишно, во зависност од потребите на пациентот и ги замоливме да дојдат со готови резултати за хормонот од матичниот лекар. Оние што не можат преку матичниот лекар и доаѓаат директно кај нас на закажаниот термин, ние ги упатуваме до Институтот за клиничка биохемија“, вели за МКД.мк д-р Маказлиева.
Таа појаснува дека сепак треба да се има предвид дека во еден ден на Институтот за патофизиологија и нуклеарна медицина има над 100 пациенти и дека не е возможно сите да се упатат до Институтот за клиничка биохемија бидејќи нема да можат да постигнат.
„Од Институтот за клиничка биохемија ни излегоа во пресрет. Во интерес на пациентите ние менаџираме со нив и со матичните лекари и секој ќе добие соодветна и потребна лекарска помош. Нема да ги оставиме и реаганеси има за итните пациенти“, додава раководителката на Институтот за патофизиологија и нуклеарна медицина.
Пациентите кои хорманалниот статус го проверуваат и го контролираат работењето на тироидната жлезда на Институтот за патофизиологија и хуклеарна медицина од пред повеќе од еден месец добиваа СМС пораки дека нема реагенси и дека ќе мора да дојдат со готови анализи добиени преку упат од кај матичниот лекар, па беа збунети дали ќе треба да платат приватно ако одат директно на закажаниот термин за испитување на тироидната жлезда.
К.Д.