четврток, 30 мај 2024

Д-р Филипче: Ќе продолжиме транспарентно и отчетно да се однесувавме за секој денар на граѓаните

СДСМ ќе продолжи со креирање на политики кои ќе го поттикнуваат бизнисот и економскиот развој, изајви денеска д-р Венко Филипче на предизборното претставување во Изборната единица 4 во Струмица. 

Објавено на

часот

Сподели

„Во изминатите седум години мандат, СДСМ ја поддржуваше економијата на неколку колосеци. Локалната економија, малите бизниси се важен сегмент и околу нив градевме и ќе продолжиме да градиме стратегијата за развој на домашната економија. Затоа ќе ги продолжи политиките кои ќе го поттикнуваат бизнисот и економскиот развој преку транспарентно и отчетно однесување со секој денар на граѓаните“, рече Филипче.

Тој истакна дека во новиот мандат СДСМ предвидува 180 милиони евра директна финансиска поддршка за бизнис секторот, нови вработувања и историски најниски 7% невработеност. 

„СДСМ ќе внесе нова економска енергија за европски раст и стандард на граѓаните и бизнис секторот. Најуспешни се оние земји во кои се создаваат бизниси, каде што има претприемачка идеја и средина која го поттикнува нивниот развој. СДСМ ги охрабрува ентузијастите својата идеја да ја преточат во реалност да отворат свој сопствен бизнис“, рече Филипче.

Со цел, пак, подобро управување со енергетските компании кои имаат клучен удел во вкупната економска активност, СДСМ државните енергетски капацитети ќе ги предаде во рацете на граѓаните.

„Планираме енергетските компании да ги вратиме кај граѓаните. Секој граѓанин, вклучително и деца, ќе добие по најмалку 8.000 денари од вредноста на енергетските компании или 500 евра за едно четиричлено семејство. Така контролата за работењето на енергетските компании ќе биде во рацете на граѓаните“, рече Филипче во Струмица.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ