сабота, 27 јули 2024
Реакција на ЗПЛМ

Д-р Чолакова Дервишова: Заборавени се приватните лекари од одлуката за повисоки плати

Здружението на приватни лекари на Македонија (ЗПЛРМ) го поздравува покачувањето на платите на здравствените  работници во јавното здравство, но истовремено изразува разочарување што тие се заборавени, истакна на денешната прес-конференција д-р Лилија Чолакова Дервишова претседател на здружението и нагласи дека тие не бараат 78 отсто „функционерско“ покачување, туку 10 проценти за лекарите кои имаат договор со Фондот за здравство.

Објавено на

часот

Сподели

Здружението бара покачување на платите кое се однесува за 1.400 приватни лекари од примарното здравство, кои имаат склучено договори со Фондот за здравство, како и за 120 специјалисти интернисти и 124 специјалисти гинеколози. Сите тие се сопственици на амбуланти во кои се вработени и по две медицински сестри.

„Ние не бараме покачување од 78 проценти, но бараме покачување од приближно 10 проценти, што е согласно инфлацијата. За да можеме да го следиме чекорот на просечна плата сметаме дека не треба да бидеме изоставени во зголемување на каптациониот бод“, потенцира д-р Чолакова Дервишова.

Таа информира дека ЗПЛРМ денеска со ова нивно барање до надлежните се обратиле преку медиумите затоа што сметаат дека на овој начин досега голем број нивни иницијативи и предлози до надлежните  биле попродуктивни во споредба  со оние барања испратени со писмо.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ