сабота, 27 јули 2024

Д-р Беќаровски: Еден човечки живот вреди повеќе oд која било функција

Пред осум години ветија за шест месеци спојување на клиниките, па дојде 8 мај, а и 2028 година не е далеку ако истото ветување на идните владејачки партии не се оствари, ќе рече проф. д-р Нико Беќаровски преку Фејсбук.

Објавено на

часот

Сподели

„Во изборната програма на СДСМ во сега веќе далечната 2016 година децидно стоеше ‘Спојување на клиниките во еден Клинички центар’ во првите шест месеци.
Излажаа, ама на лагата кратки ѝ се нозете, дојде 8. Мај.
Во јавните настапи и ВМРО-ДПМНЕ и Вреди и ЗНАМ ветуваа спојување на клиниките и укинување на 66 директори и 165 Членови на УО и вработување и напредување ИСКЛУЧИВО според МЕРИТ систем.
Завршете ја оваа агонија до 31 декември, бидејќи мај 2028 и не е толку далеку.
За наше, но и ваше добро.
За задоволни здравствени работници и пациенти со вратена доверба.
ЕДЕН ЧОВЕЧКИ ЖИВОТ Е ПОВРЕДЕН ОД КОЈА БИЛО ФУНКЦИЈА!“, порача Беќаровски.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ