петок, 18 октомври 2024
Институт за јавно здравје

Д-р Андонова: Проверивме еден сомнителен случај на мајмунски сипаници, беше негативен на вирусот

На 6 август имавме пријава за сомнителен случај на мајмунски сипаници, но со тестови се потврди дека пациентот е негативен на вирусот, вели д-р Марија Андоновска, директорка на Институтот за јавно здравје. Од институтот уверуваат дека нема простор за паника поради ширењето на мајмунски сипаници во светот и дека Македонија е подготвена да реагира согласно препораките на Светската здравствена организација.

Фото: Скриншут

Објавено на

часот

Сподели

„Имаме тестови и реагенси кои можат веднаш да го детектираат опасното вирусно заболување, како и едуцирани специјализирани тимови кои се подготвени да реагираат во кое било време“, вели  Андоновска.
Таа преку соопштение на интернет страницата на институтот додава дека матичните лекари треба веднаш да пријават во Инфективната клиника доколку се посомневаат за некој пациент дека е можно да има симптоми на мајмунски сипаници.
„Формиравме тимови кои се на располагање 24 часа. Пациентот кој беше препратен кај нас со тестови го проверивме и тој е негативен на вирусот“, вели Андоновска.
Вирусот на мајмунски сипаници се шири, а во Шведска е регистриран првиот случај на лице заразено за време на престој во Африка во регион каде ја има болеста. СЗО проласи највисок степен на тревога.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ