среда, 18 декември 2024

„Д Бест“: За Милевски најдобар е Карвахал, Барди гласаше за Родри

Винисиус Жуниор ја доби наградата „Д Бест“ на ФИФА за најдобар фудбалер на годината, а во гласањето учествуваа и македонскиот селектор, Благоја Милевски, капитенот на репрезентацијата Енис Барди и новинарот Мијалче Дургутов.

Објавено на

часот

Сподели

Тие имаа да бираат по тројца, а интересно во изборот на Милевски немаше место за Винисиус Жуниор, кај Барди фудбалерот на Реал Мадрид беше втор на листата.

Гласовите на Благоја Милевски:
1. Дани Карвахал
2. Џуд Белингем
3. Родри

Гласовите на Енис Барди:
1. Родри
2. Винисиус Жуниор
3. Ерлинг Халанд

Гласовите на Мијалче Дургутов:
1. Винисиус Жуниор
2. Родри
3. Дани Карвахал

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ