петок, 26 јули 2024

Цврсто стоиме зад Александар Тасевски, а не зад директорите, порачаа контролорите на летање

Здружението на контролори на летање (ЗКЛМ) соопшти дека ги осудува притисоците од страна на директорите на државната Македонска воздухопловна навигација (М-НАВ) кон претседателот на Синдикатот на котрола на летање Александар Тасевски што кулминираше со синоќешното повикување во полиција.

Објавено на

часот

Сподели

„Како што сте веќе запознаени со случувањата, веќе долг период ситуацијата во М-НАВ е доведена на поразително ниво. Иако чашата е одамна прелеана, вчерашното повикување во полиција на претседателот на струковиот Синдикат на контролорите на летање (ССКЛ по поднесена пријава од страна на директорите е кулминација на сите притисоци, предизвици и пречки кои се насочени кон контролорите на летање, а и сите останати професионалци во М-НАВ.

Недвосмислено јасно стоиме позади претседателот на ССКЛ и целото членство и им изразуваме поддршка во овој процес, а особено после вчерашните активности насочени лично кон синдикалниот лидер. Тоа што ние како ЗКЛМ го работиме веќе долго време е само дополнување на сите борби и залагања кои Синдикатот ги води со децении. Жално и срамно е што покрај сите заложби кои се во насока на обезбедување на највисоко ниво на услуги во воздухопловната навигација, директорите на М-НАВ решаваат на ваков начин да вршат притисок врз претседателот, членството на ССКЛ, а со тоа и врз сите контролори и помошници контролори на летање, чие единствено барање е нормални услови за работа во секоја смисла, за да можеме да ги постигнеме целите кои ни се доверени како чувари на нашето небо“, се вели во соопштението.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ