сабота, 27 јули 2024

ЦУК: Вчера 28 пожари на отворенo, активни се уште три

Центарот за управување со кризи (ЦУК), согласно информациите од неговиот Сектор за операции и координација, информира дека пожари на отворен простор вчера имало вкупно 28. Од нив, активни се уште три, во општините Македонски Брод, Врапчиште, и во Крива Паланка.

Објавено на

часот

Сподели

Според податоците на ЦУК, во Македонски Брод, кај село Белица, гори ретка борова шума на тешко пристапен терен, во Врапчиште, кај  село Ѓурѓевиште гори сува трева – пасиште и во Крива Паланка пожарникарите сѐ уште го гаснат и од огнот го бранат селото Луке каде гори мешана шума, а во близина на куќи и други објекти.

Другите 25 изгаснати пожари на отворен простор во последното деноноќие биле на целата територија на државата, каде што гореле стрништа, сува трева, пасишта, нискостеблеста вегетација и шума.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ