сабота, 27 јули 2024

ЦУК: Спречено излевање на Вардар кај Чегране

Објавено на

часот

Сподели

Со заедничка акција на екипите на Центарот за управување со кризи и локалните институции од Гостивар кај селото Чегране беше спречено поголемо излевање на водите од реката Вардар. Намалено беше електропроизводството на ХЕЦ Маврово, а се вадеа и пречки и прегради од речното корито и се направија насипи и брани.

вар

Жителите на Чеграна уште на 6 април предупредија на можно излевање на Вардар од коритото. Водостојот на реката беше на критично ниво, а некои улици веќе биле поплавени. Одговорните лица на ЦУК покренаа конкретна акција според оперативните стандардни процедури. Известен бил директорот на ЕСМ подружница ХЕЦ „Маврово“. Веднаш беше исклучена една од турбините по што и се намали водостојот на реката Вардар.

Ден потоа уште еднаш беше намалено производството на електрична енергија на ХЕЦ „Маврово“.

Во саботата интервенирале екипите на локална самоуправа Гостивар, на Јавното комунално претпријатие кои со поставување насипи и брани покрај коритото на критичните точки на реката Вардар спречија излевање и поплавување.

Вчера се санираше дел од коритото на реката Вардар, биле извадени дрвја и други наноси, а превентивно биле донесени и истоварени 4 камиони песок (чакал, ризла ) на критичното место од каде имаше излевање во селото Чегране, информираа од ЦУК.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ