среда, 23 октомври 2024

ЦУК спаси Романец во Гевгелија со примен повик на 112 од Грција

Објавено на

часот

Сподели

Од ЦУК објаснуваат дека неговиот повик за помош, најверојатно заради близина на границата, прво бил примен од број 112 на базна станица во Грција. Но, бидејќи сите држави коишто го имаат европскиот единствен број за итни случаи 112 соработуваат и се во контакт меѓу себе, дежурниот тим од грчката служба 112 веднаш контактирале со македонската служба 112 во ЦУК.

„Веднаш, согласно оперативните процедури, е координирана акцијата за интервенција на Итната медицинска помош од Гевгелија и романскиот граѓанин е спасен со итно давање медицинска помош. Овој случај на меѓугранична, односно меѓудржавна соработка на двете држави, за спасување на граѓанин од трета држава ја отсликува можноста за спасување животи на граѓани од која било европска земја ако тие се наоѓаат во земја којашто е во системот на европскиот единствен број за итни случаи 112“, велат од ЦУК.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ