недела, 20 октомври 2024

ЦУК: Пожарот на отворен простор во Општината Сарај е изгаснат

Објавено на

часот

Сподели

Од ЦУК преку Секторот за операции и координација, по добиената порака од Бригадата за противпожарна заштита БППЗ на Град Скопје, дека во 14:30 часот имале дојава за пожар на отворен простор над с. Буковиќ во Општината Сара. Веднаш биле известени одговорните во скопската подружница на Национални шуми „Караџица“ и Градоначалникот на Општина Сарај.

„За тоа време противпожарна екипа отишла до с. Буковиќ визуелно го потврдила пожарот и точно го лоцирала, па согласно досегашните искуства утврдила брза стратегија како и со кои ресурси за да се интервенира заради опасниот непристапен терен каде што пожарот бил активен и каде што не постојат шумски патишта до жариштето на пожарот.

Потоа од Бригадата за противпожарна заштита БППЗ на Град Скопје нивна противпожарна екипа со лесни теренски противпожарни (ПП) возила отишле до местото на пожарот и успеале да го изгаснат. Според извештајот, по интервенцијата, од пожарот била зафатена ниска вегетација  и мешана ниска шума на површина од 2.000 m2. Било интервенирано со две противпожарни (ПП) лесни возила и шест пожарникари“, велат од ЦУК. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ