Намалено е и нивото на водите на реките и доловите кои се влеваат во Крива Река.
На територијата на Општина Крива Паланка однесен е мостот каде се спојуваат двете реки во местото викано Стамболици, а населението таму нема проод, премин. Оштетен е земјениот пат кај село Борово, а населението бара машина да се расчисти. Свлечиште го затвори патот кон манастирот „Св.Јоаким Осоговски“, во атарот на селото Варовиште. До три куќи во местото викано Пашина Воденица не може да се дојде, во населбата Домачки Дол има оштетени пристапи до објекти, наноси од кал на локален пат кај месноста Базенот, свлечиште пред Трновски мост во село Трново…
Екипите на ЈП Комуналец Крива Паланка се на терен и ја расчистуваат пешачката патека покрај Крива Река.
Водостојот на реката во село Клечовце, Куманово, е зголемен и се очекува на некои места излевање од речното корито. Потребна е брза интервенција во село Пчиња каде два столба од мостот се оштетени.