Регионалниот ЦУК Штип, ја пренесува информацијата од Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) дека е донесено решение за определување на заштитна зона и зона под надзор при потврда на болеста африканска чума на подрачјето на Општина Делчево, што трае од 30 ноември годинава. Заштитната зона ги вклучува селата Полето, Ветрен, Очипла и Габрово, а и градот Делчево, додека Зоната под надзор ги вклучува селата Киселица, Селник, Драмче, Вратиславци, Илиово, Бигла, Косово Дабје, Чифлик, Звегот, Стамер и Град.
Регионалниот ЦУК Велес, ја пренесува информацијата од подрачната единица (ПЕ) на Агенција за храна и ветеринарство Кавадарци дека од 13 јули годинава на подрачјето на Општина Кавадарци во близина на селото Рожден имало помор на диви свињи, а исто така угинати диви свињи имало на повеќе локации во ридско-планинскиот дел, пријавени од ловците. Лабораториски било потврдено дека се работи за болеста африканска чума.