„Регионалните центри за управување со кризи Берово и Штип во координативна оперативна комуникација преку Секторот за операции и координација известија дека патот Берово-Струмица е во целосен прекин поради врнежите од снег и паднати дрва по патот. Конкретно, патниот правец Берово-Абланица-Беровско Езеро е во прекин поради паднати дрвја на патот“, информираа од ЦУК.
Оттаму уште велат дека Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) и МВР имале координативен состанок во Берово и било одлучено сите луѓе кои моментно се наоѓаат кај Беровско Езеро да не тргнуваат да патуваат, а ако имаат потреба од храна и лекови да контактираат на 112 и да ги кажат нивните потреби, по што Општина Берово ќе интервенира и ќе им достави сѐ што им е потребно.
Фото: ???????_???????????