сабота, 27 јули 2024

ЦУК: Целосно е изгаснат пожарот во делчевско кој можеше да предизвика голема штета во борова шума

Центарот за управување со кризи (ЦУК) преку уште едно соопштение информира дека пожарот кај село Бигла во делчевско е целонсо изгаснат, а се разгорел по полноќ и зафатил борова шума. 

Објавено на

часот

Сподели

Од утринава активните пет пожари во земјава, ЦУК нагласува дека од страна на екипи на ЈП Национални Шуми – подружница Голак од  Делчево изгаснат е пожарот што започнал половина час по полноќ во атарот на селото Бигла, каде во почетокот горела ниска вегетација, мешана шума, а потоа и борова шума со површина од 10 декари.

„Се надеваме дека денешниот неделен ден нема да биде ‘огнена недела’ како што е денот недела во изминативе неколку последни викенди – со голема бројка пожари во земјава“, велат од ЦУК.

Инаку, во насока за спречување на пожарите и навремено реагирање на субјектите од Системот а управување со кризи, ЦУК апелира до граѓаните да се воздржат од палење огнови на отворено и ако забележат пожар веднаш да пријават на телефонскиот бесплатен  број 112 – единствениот број за итни случаи во ЦУК.

„Истовремено е неминовно да се посочи дека за зголемувањето на јавната свест во општеството за превенција од пожари и реакција за нивно гаснење се евидентни големата улога и придонес на медиумите, што оваа тема, речиси секојдневно, ја актуелизираат во рамки на зголемување на безбедноста на граѓаните, а и за заштита и чување на природните и на материјалните добра во земјава“, велат од ЦУК.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ