сабота, 27 јули 2024

Црвена звезда го смени тренерот, Грк ќе ги води црвено-белите

Јанис Сферопулос е новиот тренер на кошаркарскиот клуб на Црвена звезда, тој доаѓа на местото на Душко Ивановиќ кој доби отказ по лошиот старт на сезоната.
 

Објавено на

часот

Сподели

Грчкиот стратег уште денеска почнува со работа во Црвена звезда, а веќе утре ќе биде неговиот прв меч, тоа ќе биде дуелот од АБА лигата против ФМП.

Сферопулос има 56 години, а по многу кратка кошаркарска кариера почна да работи како тренер во пониските лиги во Грција. Беше асистент во ПАОК и Олимпијакос, потоа го презеде Колос од Родос, а во сезоната 2011/12 се врати на асистентската работа во ЦСКА и Хјустон рокитс. Работеше и во Паниониос, по што излезе на голема сцена и беше тренер на Олимпијакос и Макаби од Тел Авив.

s

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ