Грчкиот стратег уште денеска почнува со работа во Црвена звезда, а веќе утре ќе биде неговиот прв меч, тоа ќе биде дуелот од АБА лигата против ФМП.
Сферопулос има 56 години, а по многу кратка кошаркарска кариера почна да работи како тренер во пониските лиги во Грција. Беше асистент во ПАОК и Олимпијакос, потоа го презеде Колос од Родос, а во сезоната 2011/12 се врати на асистентската работа во ЦСКА и Хјустон рокитс. Работеше и во Паниониос, по што излезе на голема сцена и беше тренер на Олимпијакос и Макаби од Тел Авив.