Откако му биле побарани пари, оштетениот го пријавил случајот во полициска станица.
Во соработка со јавен обвинител, парите биле крим-технички обработени и му биле дадени на оштетениот за да му ги даде на уценувачот. Веднаш откако ги земал парите, А.А. е приведен од страна на полициските службеници и парите се пронајдени кај него, а по целосно документирање на случајот до Основното јавно обвинителство, против А.А. ќе биде поднесена кривична пријава по член 259 од Кривичниот законик.






