понеделник, 23 февруари 2026

Жител на Македонски Брод ќе одговара за кражба на дрва

44 годишен жител на Македонски Брод ќе одговара откако полицијата му поднесе кривична пријава за кражба. Кривична пријава е поднесена и против фирмата во која осомничениот бил назначен како одговорно лице на истата.

Фото: Архива

Објавено на

часот

Сподели

Според МВР, пријавените, како концесионери на Шумско-стопанската единица „Стрмол-Латово-Коњарник“, врз основа на договор за сеча и дотур и склучени анекси на договорот, требало да извршат сеча со дотур на 1.500 кубни метри огревно дрво и 300 кубни метри техничко дрво.

„Освен тоа, противправно се исечени и однесени 291,19 метри кубни без приложени приемници за сеча и дотур, со што е остварена противправна имотна корист во висина од 653 228 денари по редовен ценовник или 2 037 700 денари по оштетовен ценовник“, соопшти МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ