СВР Охрид денеска информираше дека вчера во периодот од 16:10 до 20:30 часот од страна на полициските службеници од полициското одделение Велешта и службеници од шумската полиција во селото Лабуништа биле пронајдени дрва во дворот на Р.С.
„Пронајдени биле нежигосани околу 4,55 метри кубни буково огревно дрво, 2,1 метар кубен буково сечено огревно дрво, 2,15 метри кубни сечени и цепени буково огревно дрво и 0,7 метри кубни дабово огревно дрво“, пишува во соопштението.
Дрвата, како што е наведено, биле одземени со потврда од страна на шумската полиција бидејќи се предмет на прекршок по член 82 од Законот за шуми.