„Вчера во 12:40 часот лишен од слобода е Џ.Е.(54) од село Џепиште, Дебарско. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „форд“ со дебарски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 2,69 промили алкохол во крвта“, информираа од Секторот за внатрешни работи-Охрид.
Тој бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица, а по целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена пријава за безобѕирно управување со моторно возило.
Исто така синоќа во село Отишани, Дебарско, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Л.Ф.(31) и неговиот малолетен син, од една страна и Е.В. и неговиот малолетен брат од друга страна, сите од истото село.
По документирање на настанот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.