понеделник, 16 март 2026

Жител на Чашка предизвикал пожар, се проширил и кај соседот, повредени нема

Полициски службеници од СВР Велес вчера попладне го лишиле од слобода 36 годишниор Ж.Ј. од Чашка. Тој се сомничи дека запалил стрништа во неговиот блок и предизвикал пожар кој се проширил и зафатил сува трева на соседниот блок.

Фото: МИА

Објавено на

часот

Сподели

„Полициски службеници од СВР Велес  вчера во 15:10 часот го лишиле од слобода  36 годишниор Ж.Ј. од Чашка. Тој се сомничи дека вчера околу 12 часот на место викано Оризи во атар на село Еловец, Општина Чашка, запалил стрништа во неговиот блок и предизвикал пожар кој се проширил и зафатил сува трева на соседниот блок. Повредени лица нема, а пожарот сам се изгаснал“, соопшти СВР Велес.

Увид извршила увидна екипа од СВР Велес, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

МИА

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ