Според информациите од МВР, околу 11:41 часот товарно возило цитроен со велешки регистарски ознаки, управувано од 44-годишен возач од Велес, удрило во пешакот Ј.Д. (69) од Битола. Жената се здобила со тешки телесни повреди кои биле констатирани во Клиничката болница во Битола.
На местото на несреќата увид извршила екипа од СВР Битола, а се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.






