недела, 13 април 2025

Жена тешко повредена откако со автомобил излетала од патот

Жена од Штип е тешко повредена во сообраќајна несреќа што се случила денеска околу 10:50 часот на автопатот Миладиновци-Штип, во близина на клучката Север.

Објавено на

часот

Сподели

Според информациите од ОВР Свети Николе, патничко возило марка шевролет со штипски регистарски ознаки, управувано од 31-годишната А.Т. од Штип, излетало од коловозот од засега непознати причини.

Жената што возела се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена во Клиничката болница во Штип, каде биле констатирани повредите.

За несреќата бил известен јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила екипа од ОВР Свети Николе.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ